Линкови за пристапност

Иран успешно тестирал нуклеарни прачки


t
t

Државните медиуми соопштија дека армијата тестирала и проектил земја-воздух со среден домет

Иран вели дека успешно тестирал и произвел прачки за нуклеарно гориво за употреба во нуклеарни централи. Иранската телевизија соопшти дека прачките што содржат природен ураниум биле произведени во Иран и биле вградени во јадрото на нуклеарниот реактор за истражување во Техеран.

Државните медиуми соопштија и дека армијата тестирала проектил земја-воздух со среден домет во близина на Теснецот Ормуц.

И САД и ЕУ го обвинуваат Иран дека тајно се обидува да развие нуклеарно оружје. Иран вели активностите се за мирнодопски цели.

Инаку, американскиот претседател Барак Обама во саботата потпиша закон со кој се воведуваат нови санкции спрема финансиски институции кои соработуваат со Иранската централна банка. Санкциите се дел од напорите за попречување на способноста на Техеран за финансирање на програмата за збогатување на ураниум.

Иран претходно се закани дека на можните пошироки санкции на неговиот извоз на нафта, ќе одговори со затворање на Теснецот Ормуц, клучна рута за извоз до другите земји производители на нафта од Персискиот Залив.

XS
SM
MD
LG