Линкови за пристапност

Влијанието на расните и етничките малцинства врз победата на Обама


Растечкото влијание на расните и етничките малцинства во американската политика играше значајна улога во реизборот на претседателот.

Како што беше при неговиот избор во 2008-ма, првиот црн американски претседател во вторникот привлече огромен процент Афро-Американци, 93 проценти споредено со само 6 проценти кои гласале за републиканскиот предизвикувач Мит Ромни.

Но, анкети на гласачи кои излегувале од гласачките места покажуваат дека Обама добил поголем број гласови од Хиспанци и Азијати споредено со неговата прва победа пред четири години.

Претседателот добил поддршка од азијатски гласачи со 74 спрема 25 проценти маргина, што е за 27 проценти повеќе од пред четири години.

Малцинствата сега сочинуваат 36 проценти од населението на државата, што е околу 311 милиони луѓе. Минатата година, за прв пат, повеќе од половина од бебиња родени во САД биле од расно или етничко малцинство.
XS
SM
MD
LG