Линкови за пристапност

Спасувачите бараат преживеани во турскиот рудник


Во една од најлошите рударски несреќи во земјата убиени се најмалку 205 лица.

Спасувачите во западна Турција бараат преживеани по експлозијата предизвикана од струја и пожар во рудник за јаглен, при што се убиени најмалку 205 лица, во една од најлошите рударски несреќи во земјата.

Спасувачките работници во среда пумпаа чист воздух во рудникот во турскиот град Сома, јужно од Истанбул, додека се бореа за извлекување на стотици заглавени рудари. Официјални лица велат дека 787 лица биле внатре, во западната провинција Маниса. Официјални лица предупредуваат дека бројот на жртви може да расте.

Турскиот претседател Абдула Ѓул нареди на гувернерот на Маниса да ги мобилизира сите расположиви ресурси за да помогнат во спасувањето на рударите. Спасувачите помогнаа да се евакуираат стотици рудари до сега.

Премиерот Реџеп Тајип Ердоган објави тридневна национална жалост и ја одложи еднодневната посета на Албанија закажана за среда.

Турските рудници за јаглен се познати како опасни, поттикнувајќи некои во парламентот да бараат истрага за лошите безбедносни услови.
XS
SM
MD
LG