Линкови за пристапност

Милорад Додик се обидува да ја наруши мировната рамка во регионот, вели Стејт департментот


Милорад Додик ја загрозува иднината земјата во евроатлантските институции со напаѓање на уставната рамка на Босна и Херцеговина, се вели во пораката на Стејт департментот
Милорад Додик ја загрозува иднината земјата во евроатлантските институции со напаѓање на уставната рамка на Босна и Херцеговина, се вели во пораката на Стејт департментот

САД ги осудуваат упорните напори на претседателот на Република Српска Милорад Додик, да ја оштети што е можно повеќе мировната рамка за целиот регион, што донесе стабилност и безбедност во Босна и Херцеговина, се наведува, меѓу другото, во соопштението на портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.

Затоа, продолжува соопштението на Стејт департментот, на листата на санкционирани лица се додаваат две лица и седум субјекти, т.е. компании, кои претставуваат еден од главните извори на приходи за протекционизмот на Додик на неговите политички поддржувачи, а во исто време овозможуваат продолжување на корупцијата на претседателот на Република Српска.

Милорад Додик, веќе санкциониран од Вашингтон, ја користи својата службена положба за да акумулира лично богатство, преку компании кои се поврзани или со него лично или со неговиот син Игор.

Така, на пример, продолжува портпаролот на Стејт департментот, Милорад Додик и Игор Додик ја задржале контролата над високите функционери на БиХ во 2024 година, со цел да манипулираат со нацрт-документот за буџетот на Босна и Херцеговина, на начин што ќе овозможи големите државни деловни договори да се доделуваат на компании и на лица во мрежата на оние кои се лојални на Додик, и без никаков натпреварувачки процес или конкуренција.

Додик продолжува да биде дестабилизирачки фактор во целиот регион.

Неговиот неодамнешен предлог за „одвојување“ од Босна и Херцеговина јасно и отворено ги потврдува неговите антидејтонски акции и потези и ги загрозува мирот и стабилноста во регионот.

Милорад Додик ја загрозува иднината на таа земја во евроатлантските институции со напаѓање на уставната рамка на Босна и Херцеговина, се вели во пораката на Стејт департментот и се заклучува:

„САД ќе ги употребат сите алатки и методи кои им стојат на располагање против тие кои ја помагаат корупцијата на Додик и му овозможуваат да го експлоатира народот на Република Српска за своја корист“.

XS
SM
MD
LG