Линкови за пристапност

Се` поголем број жени споделуваат мајчино млеко


Се` поголем број жени споделуваат мајчино млеко

Се` поголем број жени споделуваат мајчино млеко

Комуницирајќи преку Интернет, многу жени го споделуваат мајчиното млеко, иако владата предупредува на ризици.

Дваесет и тригодишната Линдзи Вард има две деца. Бидејќи немала доволно мајчино млеко, на првото му давала вештачко. Кога пред девет месеци на свет дошло второто дете, почнала да го храни со млеко од други доилки. Таа вели дека млекото го чува замрзнато и кога треба само го затоплува. Таа додава дека во фрижидерот има млеко од три различни мајки.

Изминативе девет месеци Линдзи го хранела доенчето со помош на 15 различни жени кои ги запознала преку групи на Интернет специјализирани за споделување на мајчиното млеко. Таа на Фејсбук дава оглас дека дека бара млеко за 9-месечно бебе.

За само неколку часа, добива одговор од различни жени. Вард вели дека бебето се развива сосема нормално. Покрај тоа, стекнала незаменливи пријателства со донаторките.

Хајди Бригулјо, координатор на вашингтонскиот оддел на Интернет-групата што споделува мајчино млеко вели дека бројот на жени кои се приклучуваат расте во цел свет.

Од друга страна Одделот за храна и лекови предупредува дека споделувањето носи опасност од ширење на инфективни заболувања, како хепатитисот Бе или Це и вирусот ХИВ. Од групата возвраќаат дека се работи за индивидуална одговорност. За мајките како Линдзи и Аманда, пак, се работи за прашање на доверба и мајчински инстикт.

XS
SM
MD
LG