Линкови за пристапност

Милошоски најави интензивирање на дијалогот за името

  • Сашо Митан

Милошоски најави интензивирање на дијалогот за името

Милошоски најави интензивирање на дијалогот за името

Процесот во кој се води македонско-грчкиот политички дијалог под покровителство на Обединетите нации ќе продолжи да се интензивира, истакна шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски во среда во Охрид.

Со тоа, како што рече министерот Милошоски, ќе се зголеми довербата помеѓу Македонија и Грција како соседи за приближување на ставовите и надминување на ова спорно прашање без притоа да бидат оштетени македонските национални интереси.

„Го цениме зголеменото внимание на генералниот секретар Бан ки Мун во однос на македонско-грчкиот политички дијалог и сметеме дека би било корисно и тој со неговиот институционален капацитет како генерален секретар на оваа светска организација да даде дополнителен придонес во периодот пред нас како потикнување на двете страни во однос на разрешувањето на овој политички спор“, рече Милошоски.

XS
SM
MD
LG