Линкови за пристапност

Профил на Мајк Пенс - гувернер на Индијана


Како гувернер и конгресмен, познат е по тоа што се залага за помала влада и ја поддржува армијата

Гувернерот на Индијана Мајк Пенс, е социјален конзервативец со искуство во Конгресот, но и со минато за креирање контроверза околу политиката којашто критичарите ја нарекуваа дискриминирачка.

Пенс ја предводи Индијана од 2013-та и се наоѓа во тесна трка за реизбор на функцијата. Познат е по добри резултати кога станува збор за даночните скратувања, особено за бизнисите, како и неговиот ангажман за помалубројна влада.

Кон крајот на минатата година, тој на агенциите на Индијана им нареди да го запрат финансирањето на групите коишто им помагаат на бегалците во оваа сојузна држава, велејќи дека мерката ќе биде на сила додека не се добијат гаранции дека при процесирањето на нивните апликации, биле применети соодветни безбедносни процедури. Пенс беше еден од неколкумината лидери на сојузни држави кои во тоа време се обидоа да го отфрлат процесирањето на документацијата на сириските бегалци по терористичките напади во Париз. Федерален судија, во март ја укина наредбата, нарекувајќи ја дискриминаторска.

Во 2015-та, Пенс беше критикуван од ЛГБТ заедницата заради законот на ниво на сојузна држава, според кој, како што вели заедницата, бизнисите можат да ги употребат своите верски убедувања против хомосексуалноста, и да одбијат услуги за припадниците на ЛГБТ заедницата.

Но надвор од неговата конзервативна политика со фокус на помал буџет и поддршка за армијата, искуството на Пенс се чини атрактивно за најверојатниот претседателски кандидат Доналд Трамп. Пенс служеше шест мандати во Претставничкиот дом, откако за прв пат беше избран во 2000-та година.

Додека беше во Конгресот, Пенс беше меѓу републиканците кои се обидуваа да го анулираат Обамакеар, законот за реформи во системот за здравство.

Тој беше и член на Комисијата за односи со странство во Претставничкиот дом.

XS
SM
MD
LG