Линкови за пристапност

Режисер на култниот „Дипломец“, еден од ретките што покрај Оскар се има закитено и со наградите Еми, Греми и Тони

На 83-годишна возраст почина Мајк Николс, американски филмски, театарски и ТВ-режисер и еден од најнаградените. ТВ-мрежата АБЦ соопшти дека Николс починал синоќа од срцев удар. Сопругата на Николс, Дајен Соер, е долгогодишен новинар и водител на Вестите во АБЦ.

Во кариерата што траеше преку половина век, Николс се закити со четирите главни видови на награди во американската индустрија на забавата: Оскар за филмска режија, неколку Еми за ТВ, Греми во 1961-ва за албум - музичка комедија, како и девет Тони за претстави на Бродвеј.

Меѓу најпознатите филмови што ги режираше Николс се наградениот со Оскар „Дипломец“ од 1968-ма и „Кој се плаши од Вирџинија Вулф“. Доби Тони за режија на бродвејските верзии на „Босоног во паркот“ и „Смртта на трговскиот патник“ како и мјузиклот „Спемалот“, во соработка со Монти пајтон.

XS
SM
MD
LG