Линкови за пристапност

Само во Америка: Нова голема преселба - на југ


Само во Америка: Нова голема преселба - на југ

Само во Америка: Нова голема преселба - на југ

Американците се селат на југ од многу причини, но на крајот се` се сведува на квалитетот на животот...

На почетокот на 20-от век, преку два милиона афро-американци ги напуштиле своите домови и мали фарми на југот на САД и се селеле кон индустриските градови за избегнат услови на расизам, потрага по подобри работни места и посреќен живот. Масовниот егзодус бил наречен „Голема миграција“, а вториот бран уследил неколку години по Втората светска војна.

Според пописот од 1970-та година, 80% од афро-американците живееле во големите градови, но во денешно време, ситуацијата е обратна, се` поголем број лица од афро-американско потекло, како што вели весникот Ју-Еј-Тудеј, се враќаат на „нивните јужни корени.“ Меѓу 2000-та и 2010-та година на пример, афро-американското население во Флорида нарасна на 587.000 жители, во Џорџија оваа бројка достигна 579.000, а во Северна Каролина до 297.000.

„Се` се сведува на квалитетот на живот“, вели пензионерот Мајк Мортон, кој го напуштил Њујорк и се преселил во малото градче Палм кост во Флорида.

„Кога одам сега во Њујорк, тоа е културен шок“, вели Мортон.

Според пописот во 2010 година, 57% од афро-американците живет во јужниот дел на САД. Ова е највисок процент изминатиов половина век.

Некои од жителите како главни причини за промените ги наведуваат потоплото време, дистанцирање од високото ниво на урбан криминал, да се обединат со членови на семејството кои живет на југот или да ја искористат предноста на ниските цени на домовите и даноците.

XS
SM
MD
LG