Линкови за пристапност

Рекорден број барања за азил во Италија


Во изминативе три години, Италија има речиси половина милион мигранти кои дошле на нејзина територија

Рекорден број мигранти стигнале во Италија со брод од Северна Африка во 2016-та, покажуваат официјалните податоци, зголемувајќи се притисокот врз Италија за нивно сместување и барање азил.

Италија се соочи со бран на нови пристигања во март, со имплементацијата на договорот меѓу Европската унија и Турција, со кој се ограничува бројот мигранти кои пловат кон Грција.

Во изминативе три години, Италија има речиси половина милион мигранти кои дошле на нејзина територија. Многумина од нив бегаат од војна, сиромаштија или политичка репресија.

Како резултат на бранот мигранти, годинава има рекорден број барања за азил во Италија, каде повеќе од 176.000 баратели на азил сега живеат во прифатилишта.

Ваквата ситуација ги става под голем притисок процесот на добивање азил и легалниот систем на државата.

XS
SM
MD
LG