Линкови за пристапност

ИОМ: Пораст на смртни случаи меѓу бегалците


Најмалку 365 лица во изминативе три дена исчезнале, а се претпоставува дека најверојатно го изгубиле животот, преминувајќи го Средоземното море

Севкупниот број на бегалци кои го изгубиле животот изнесува рекордни 4636 лица.

Портпаролот на Меѓународната организација за миграција Леонард Дојл вели дека ова станува вообичаена глетка.

„Во ноември регистрирани се 365 смртни случаи, што е за шест пати повеќе во споредба со смртните случи регистрани истиот месец, лани, или во бројка 1 000 бегалци повеќе“, вели Дојл.

Дојл вели дека бројот на смртните случаи на Средоземното море се зголемува бидејќи бегалците ја поминуваат опасната морска рута во лоши временски услови. Оние кои преживеале велат дека криумчарите на мигранти ги тераат да се качат на стари гумени чамци кои се небезбедни и лесно потонуваат во морските води.

Дојл коментира дека мал број на бегалци го завршуваат своето патешествие со среќен крај и успеваат да стигнат до Италија.

Најголемиот број од барањата за азил од беглците кои доаѓаат од Нигерија, Сенегал, Мали и западна Африка се одбиени. Дојл вели дека тоа е така поради тоа што се сметаат за економски мигранти и завршуваат со депортација од Европската Унија.

XS
SM
MD
LG