Линкови за пристапност

Турски медиуми јавуваат за шест удавени мигрантски деца


Два брода со мигранти се превртеле во обид да стигнат до грчки острови.

Најмалку шест деца се удавиле во петокот во два различни инцидента, кога нивните бродови потонале во близина на турското крајбрежје обидувајќи се да стигнат до Грција, известуваат турските државни медиуми.

Новинската агенција Анатолија известува дека 55 сириски и авганистански мигранти биле на брод што потонал поради силни ветрови и високи бранови додека пловеле кон грчкиот остров Лезбос.

Спасувачите ги пронашле телата на четири авганистански деца кои се удавиле во тој инцидент.

Анатолија известува дека две деца се удавиле во друг инцидент кога бродот се превртел поради невреме на патот до грчкиот остров Кос. Националностите на жртвите не се познати.

Турција, која е домаќин на повеќе од два милиони мигранти во земјата поради конфликтот во Сирија, е главна транзитна точка за луѓето кои бегаат од војната и бараат подобар живот во Европа.

XS
SM
MD
LG