Линкови за пристапност

Спасени 11.000 бегалци во Средоземното море


Во спасувачката акција учествувале 33 бродови и 27 гумени чамци

Според информациите од италијанската крајбрежна стража, приближно 11.000 луѓе, вклучувајќи и деца кои патуваат сами без родители, биле спасени изминатите два дена, додека, пак, 50 го загубиле животот.

Повеќе од 4.600 бегалци биле спасени во вторникот, а околу 6000 во понеделникот.

Според италијанската крајбрежна стража во спасувачката акција, учествувале 33 бродови, 27 гумени чамци.

Италијанските власти исто така информираат дека три жени се породиле во понеделникот на брод кој пренесувал 1000 бегалци кон Сицилија, од кои повеќето биле Нигеријци а биле спасени јужно од Либија. Либија се наоѓа на далечина од 290 километри од италијанскиот остров Лампедуса.

Според информациите, мајките и новороденчињата се во добра здравствена состојба.

Шест илјади бегалци се заглавени во Србија, откако Унгарија го ограничи бројот на баратели на азил.

Според Меѓународната организација за миграција, годинава околу 142 000 бегалци стигнале до Италија, а околу 3100 го загубиле животот додека го преминувале Средоземното море.

Според проценките минатата година 154 000 бегалци влегле во Италија, а 2892 се водат за исчезнати.

XS
SM
MD
LG