Линкови за пристапност

Илјадници мигранти заглавени долж српско-хрватската граница


Мигрантите ја минале ноќта со малку храна, откако Унгарија во саботата ја затвори границата со Хрватска.

Во неделата, околу 2.000 лица беа во незатоплни автобуси, чекајќи да преминат во Србија на пат кон ЕУ.

Бидејќи Унгарија го затвори граничниот премин со Хрватска, автобусите користат подолга рута, преку Словенија. Оваа земја одлучи да го ограничи бројот на мигранти којшто ќе можат да влезат во земјата.

Портпаролот на Агенцијата за бегалци на ОН, Бабар Балок вели дека Унгарија само ја комплицира и онака тешката ситуација на мигрантите.

Додека Словенија вели дека засега нема планови да ја затвори границата, го ограничува бројот на оние коишто можат да ја преминат секојдневно на 2.500, со цел да се спречи преплавување на оваа земја-членка на Унијата со бегалци.

До крајот на годинава, ЕУ може да очекува околу 700.000 мигранти коишто бегаат од војната и сиромаштијата од земји како Сирија и Авганистан.

Лидерите на ЕУ досега немаат план за тоа како да се згрижат овие луѓе и подеднакво да се распоредат меѓу 28-те членки.

XS
SM
MD
LG