Линкови за пристапност

Повод е заштита на продуктите на компанијата од можни хакерски напади спонзорирани од држави

Мајкрософт ќе почне да ги предупредува корисниците за производите на компанијата, вклучувајќи го и Outlook.com, кога ќе се посомнева дека е извршен хакерски напад врз нивните електорнски адреси од страна на владини ентитети.

Светски најголемата софтверска компанија ја соопшти новата политика доцна синоќа.

Мајкрософт презема дополнителен безбедносен чекор бидејќи нападите спонзорирани од држави во чест број случаи се „пософистицирани и поодржливи, споредено со кибернетските криминалци и други“, велат од компанијата.

Во соопштението не се споменува ниту една специфична земја за која се верува дека цели на корисниците на Мајкрософт.

Но, според новинската агенција Ројтерс, промената на политиката на компанијата уследи девет дена откако од раководството бил побаран одговор за тоа зошто одбило да ги информира жртвите на хакерската кампања од 2011-та, којашто целела на членови на тибетанските и ујгурските заедници во Кина.

Новинската агенција интервјуирала двајца поранешни вработени во Мајкрософт, кои рекле дека експерти на компанијата пред неколку години констатирале дека кинеските власти стојат зад таа кампања, но дека компанијата не ја пренела таа информација.

Слични мерки на заштита најавија и Фејсбук и Твитер.

XS
SM
MD
LG