Линкови за пристапност

Прв ден од посетата на Мишел Обама на Кина


Првата дама на САД во сабота ќе зборува на Универзитетот на Пекинг.

Првата дама на САД Мишел Обама, придружена од нејзината кинеска домаќинка Пенг Лијуан посети училиште на првиот ден на петдневното патување во Кина.

Двете учествувале на калиографска демонстрација во петокот пред посетата на поранешната Царска палата во пекиншкиот Забранет град.

За време на нивното патување, првата дама, заедно со нејзината мајка и двете ќерки, исто така ќе го посетат Кинескиот ѕид, славните Воини од глина и заштитеното живеалиште на пандите.

Мишел Обама ќе зборува во сабота во Центарот Стенфорд на престижниот Пекиншки Универзитет. Таа исто така ќе ја посети Американската амбасада во Пекинг.
XS
SM
MD
LG