Линкови за пристапност

Мишел Обама, нејзиниот роденден и модата


Ниедна прва дама по Жаклина Кенеди не станала модна икона додека не се појави Мишел Обама, но двете сосема различни.

Педесете години секако изгледаат добро на првата дама Мишел Обама. Својот јубилеен роденден таа го прослави изминатиот петок. И токму во времето кога е во Белата куќа, Мишел може да биде запаметена по нејзиното чувство за мода, како и по политичките иницијативи за здрава исхрана и дебелината кај децата.

„Сметам дека Мишел Обама ја претставува модерната американска жена. Таа во моментов не` претставува нас и нашата држава. Таа ни` припаѓа нам“, вели Лиса Кетлин Греди, кустос во Музејот на американската историја.

На одреден начин и нејзиниот вкус за мода му припаѓа на американскиот народ. Фустанот што го носеше за време на инаугурацијата за вториот мандат на нејзиниот сопруг, претседателот Барак Обама во 2013-та година, ќе биде изложен во музејот.

Ова е за прва пат музејот да изложува фустан на прва дама од втор мандат на претседателот. Настанот се совпаѓа со 100-та годишнина од познатата изложба на институцијата Смитсониан на фустани на први дами од инаугурации.

„Луѓето беа мошне заинтересирани токму за тој фустан. Сметавме дека може да биде забавно да го позајмиме за престојната година додека трае изложбата. Убаво е да почнеме нова традиција“, додаде Лиса Кетлин Греди.

Црвениот шифон фустан - креација на њујорчанецот Џејсон Ву убаво се вклопи со чевлите од светски реномираниот дизајнер Џими Чо.

Фустанот на Мишел Обама од првата инаугурација ќе се врати во музејот во 2015, а тогаш црвениот фустан ќе биде зачуван за изложување во идната претседателска библиотека.

Мишел Обама има уште три години да продолжи со оставање моден печат во историјата.
XS
SM
MD
LG