Линкови за пристапност

Мајкл Дуби унапреден во генерал-полковник


Мајкл Дуби унапреден во генерал-полковник
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:22 0:00
Direct link

Мајкл Дуби унапреден во генерал-полковник

Клучната фигура во армиската соработка со Македонија назначен за број два во Северната команда на САД.

Синоќа, на церемонија во Пентагон, досегашниот командант на Националната гарда на Вермонт Мајкл Дуби беше унапреден во чин генерал-полковник. Унапредувањето се должи на неговото назначување на функцијата заменик-командант на Северната команда на САД.

Довчерашниот генерал-мајор по шестгодишна служба заминува од функцијата командант на Националната гарда на Вермонт. На таа позиција, Дуби беше клучната фигура во американско-македонската армиска соработка, преку која припадниците на Армијата на Република Македонија служеа рамо до рамо со припадниците на Гардата на Вермонт во Авганистан.

„Би рекол дека релациите меѓу Армијата на Република Македонија и Националната гарда на Вермонт, Армијата на САД се позитивни и стануваат посилни, особено со успешното распоредување во Авганистан. Мислам дека со текот на времето, АРМ станува посилна и таа е наш добар партнер. Тоа го докажа при распоредувањето“, рече Дуби во изјавата за Гласот на Америка на македонски.

Новиот чин на Дуби му го честиташе македонскиот претседател Ѓорге Иванов, чие писмо беше прочитано на церемонијата во Пентагон.

„На САД и особено Вам сме Ви благодарни што ни овозможивте преку вградувањето на македонските војници во Националната гарда на Вермонт во рамките на мисијата ИСАФ да докажеме дека де факто ние сме во НАТО“, наведува македонскиот претседател во писмото.

Аташето за одбрана на РМ во САД, полковникот Јорданчо Миладиновски, вели дека генерал- полковникот Дуби преку шест години ја поддржува соработката помеѓу двете армии, но се залага и за цивилната соработка.

„Тој даде огромна поддршка во проширувањето на оваа соработка во цивилниот сектор, во економскиот дел, во областа на здравствената грижa, едукацијата и образованието“, коментира Миладиновски.

За интеграцијата на Македонија во НАТО, генералот Дуби прецизира: “Не сум вклучен во процесот, но од моето долгогодишно искуство со Македонија знам дека АРМ е професионална армија. Се надеваме дека ќе продолжи на тој пат. Ми беше чест да работам со многу Македонци во текот на годините. Нивната посветеност кон професионализмот е за восхитување“.
XS
SM
MD
LG