Линкови за пристапност

Во САД се одбележува Денот на воените ветерани


Претседателот на САД положи венец на Гробот на незнајниот војник на Националните гробишта

САД се сеќаваат на своите воени херои, за време на годишниот празник Ден на сеќавањето.

Претседателот Барак Обама, штотуку вратен од посетата на трупите во Авганистан од неделата, положи комеморативен венец на Гробот на незнајниот војник на Националните гробишта во Арлингтон, во непосредна близина на Вашингтон.

Во обраќањето на настанот тој кажа „многумина од нас никогаш нема да знаат“ за храброста и жртвувањето на родителите и саканите кои изгубиле дете, сопружник, брат или пријател во војна.

Во неделата во Авганистан Обама кажа дека воените добивки таму дошле „со висока цена“.

„Во бази овде во Авганистан и во градови низ Америка, ние ќе застанеме и ќе им оддадеме почит на сите оние кои ги положиле животите за нашата слобода. И тоа вклучува близу 2.200 американски патриоти кои ја направиле најголемата жртва, тој последен израз на посветеност, токму овде во Авганистан. Знам дека многу од вас стоеле пред тие крстови од војната. Знам дека многу од вас носат спомени на вашите паднати соборци во срцето. Ние ќе му оддадеме почит на секој од нив, не само утре, туку засекогаш.

Одбележувањето на празникот во понеделник вклучува паради и други настани за оддавање почит на паднатите херои во градовите ширум земјата.

За многу Американци празникот е ден кога не одат на работа или на училиште, и ова е тридневен викенд што се смета за неофицијален почерок на летната сезона на одмори.
XS
SM
MD
LG