Линкови за пристапност

САД го празнуваат Денот на сеќавањето


САД го празнуваат Денот на сеќавањето

САД го празнуваат Денот на сеќавањето

Претседателот Барак Обама ќе им оддаде почит на загинатите Американци од сите војни на церемонија на која ќе положи венец на националните гробишта во Арлингтон, недалеку од Вашингтон.

Последниот понеделник во мај се слави Денот на сеќавањето – национален празник кога Американците кои им оддават почит на оние кои го положиле животот за својата земја.

Ќе бидат одржани церемонии со положување венци пред спомениците на Втората светска војна и на виетнамските ветерани, како и пред спомениците на морнарицата и воздухопловството на САД.

Паради и друг вид потсетувања ќе се одржат и во други големи и помали градови ширум САД.

Во неделата, волонтерите ставија мали американски знамиња на секој гроб на националните гробишта во Арлингтон, додека момчињата-извидници го сторија истото на други гробишта на ветераните во земјата.

Во неделата, илјадници возачи на моторцикли од националната група наречена Тркалачка грмотевица, учествуваа во церемонијално возење по улиците во главниот град на САД, чија цел е свртување на вниманието кон ветерани кои се` уште се водат за исчезнати.

Многу Американци на Денот на сеќавањето гледаат како на почеток на летната сезона. Тие го празнуваат денот со излети во природа, одмарање на плажа и кампирање. Некои граѓани на САД се загрижени дека Денот на сеќавањето станува празник за рекреација, а не време кога треба да им се оддаде почит на загинатите во сите војни.

XS
SM
MD
LG