Линкови за пристапност

Медитацијата го подобрува фокусот кај анксиозните лица


Бенефициите можат да се забележат со само десет минутно медитирање на ден, се вели во нова студија

Нова студија сугерира дека учество во едноставна вежба за медитација во траење од 10 минути на ден може да ги намали симптомите од анксиозното растројство кај луѓето.

Анксиозните нарушувања се одбележани со повторувачки, вознемирувачки, често неосновани мисли и стравови за иднината. Канадските истражувачи велат дека еден на секој четворица луѓе ќе доживеат анксиозно нарушување во одреден период од животот.

Загриженоста може да постане дури и опсесивна и да им попречи на анксиозните лица во фокусот на работата и другите важни активности.

Според истражувачите на Универзитетот Ватерло во Онтарио, Канада едноставни секојдневни вежби за медитација во траење од 10 минути, може да им помогнат на луѓето да не лутаат со нивните мисли и да ја подобрат ефикасноста во извршувањето на нивните задачи.

Учесниците во студијата спроведена од страна Менгран Ксу и неговите соработници биле вклучени во нешто што се нарекува „свесна медитација.“

Свесноста вообичаено се дефинира како обрнување внимание на целта и присутност во моментот без да се прави било какво пресудување.

Ксу е психијатар на Универзитетот Ватерло и раководеше со студијата спроведена врз лица со симптоми на анксиозност, објавена во списанието Consciousness and Cognition.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG