Линкови за пристапност

Мекмастер ќе го замени Флин


Претседателот на САД Доналд Трамп го именуваше новиот советник за национална безбедност

Претседателот на САД Доналд Трамп го именуваше генерал-полковникот Х.Р. Мекмастер за нов советник за национална безбедност. Мекмастер е воен стратег, кој целата кариера ја поминал во американските воени сили.

Трамп го нарече 54-годишниот Мекмастер „човек со огромен талент и искуство“.

Трамп истакна дека пензионираниот генерал-полковник Кеит Келог, сегашниот вршител на должност советник за национална безбедност, ќе биде во Советот за национална безбедност.

Мекмастер е замена за пензионираниот генерал Мајкл Флин, кој беше отпуштен минатата недела, по 24 дена од преземањето на функцијата.

XS
SM
MD
LG