Линкови за пристапност

Главно бил фокусиран на истрагата за Русија, како и за истрагата за Клинтон, додека била државна секретарка

Поранешниот заменик-директор на Федералното истражно биро (ФБИ) Ендрју Мекејб, е назначен за вршител на должноста директор, по отпуштањето на Џејмс Коми во вторникот.

Помалку од 48 часа од преземањето на должноста, Мекејб сведочеше пред Сенатската комисија за разузнавање, тврдејќи дека отпуштањето на Коми од страна на претседателот Доналд Трамп, нема влијание врз истрагата за Русија.

49-годишниот Мекејб, бил заменик-директор на Коми од февруари 2016-та година, при што главно бил фокусиран на истрагата за Русија, како и за истрагата за мејловите на Клинтон, додека била државна секретарка.

За неговото време во Вашингтон, Мекејб бил вклучен во истрагата за маратонот во Бостон во 2013-та, како и за апсењето и распитот на Ахмед Абу Катала, осомничен во нападот на Американската амбасада во Либија во 2012-та година.

Официјални претставници од Одделот за правда, неодамна разговарале со Мекејб, при интервјуирање на потенцијални кандидати за замена на Коми, но, не е јасно колку сериозно бил земен предвид за позицијата.

Откако влегол во ФБИ како специјален агент во областа на Њујорк во 1996-та година, Мекејб бил на бројни позиции, вклучувајќи надзор на канцеларијата во Вашингтон. Тој исто така, бил на лидерски позиции за контратероризам и националната безбедност.

Во 2015-та година, кусо пред да биде назначен за заменик-директор на ФБИ, Мекејб станал предмет на надзор, бидејќи неговата сопруга прифатила 500.000 долари, за неуспешна Сенатска кампања во Вирџинија, од политичката организација на гувернерот Тери Мекалиф, близок пријател на Клинтон.

Мекејб завршил на Универзитетот Дјук и се здобил со диплома по право на Универзитетот Вашингтон во Сент Луис.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG