Линкови за пристапност

Во САД, собирите од работнички преминаа во имигрантски

Денеска е Меѓународен ден на трудот, познат како ден кога работниците и активистите излегуваат на јавни собири, во чест на работниците од целиот свет.

Работници и членови на синдикатот во Филипините, го прославија 1-ви мај со марш низ улиците на главниот град Манила. Собири во градот организираат и групи за заштита на работничките права. На слични протести излегоа и работници во Џакарта, Индонезија.

Во САД, собирите од работнички преминаа во имигрантски. Се очекува денот да го одбележат десетици илјади лица од Њујорк до Лос Анџелес, изразувајќи незадоволство на намерата на претседателот Доналд Трамп на зголемување на депортациите. Одредени организации повикаа на штрајкови на имигранти во некои градови, со цел, како што велат, да им покажат на Американците како би изгледал еден ден без имигранти.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG