Линкови за пристапност

Маскота: страст, вештина, професија


Маскота: страст, вештина, професија
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:42 0:00
Direct link

Што ги тера луѓето да стават вештачко крзно на себе, особено при вакво лето со екстремно високи температури?

Маскотите јa креваат возбудата на секој натпревар во САД - од средните училишта, па се`до НБА. Ги користат и компаните и корпорациите, за да презентираат попријателски имиџ.

За нив постои и своевидно училиште - летниот камп Кистон во Харисбург, Пенсилванија.

Некои како средношколецот Џеси Кинг се тука по првпат. Затоа, половина од учесниците доаѓаат со години, како Френк Веспи, маскота со полно работно време во професионален безбол тим.

„Сакам да им` ги пренесам вештините што ги стекнав, но и да научам нови“, вели Веспи за причините да се враќа во кампот секоја година.

Карен Симонс работи хонорарно како маскота на ресторан.

„Маскота сум веќе 11 години. Ми дава оддишка. Редовно сум вработена во федералната влада и понекогаш тоа може да биде многу напорно и стресно“, раскажува таа.

Кампот го води маскотата-ветеран Ерин Бланк.

„Го основав пред 15 години, главно затоа што имаше потреба маскотите како мене да научат за работата, вештините, костумите“, се присеќава Бланк.

Таа до ден-денес е маскота за повеќе спортски екипи и организации.

„На 42 годишна возраст, се` уште сум маскота. Зависна сум. Се обидов четири пати да се откажам, но безуспешно. Со оглед дека една од најстарите маскоти во мојот камп има 72 години, уште долго време ќе бидам маскота“, со насмевка коментира Бланк.

Бланк прави и костуми за маскотите во нејзиното студио. Нејзината креација за фудбалскиот тим од Ланкестер сити што ја носеше Ерин Бланк по изведбата беше – како извадена од вода.

„Кога ја ставив на себе, температурата беше пет степени повисока од надвор“, вели Бланк.

И покрај жештините од речиси 37 степени, маскотите уживаат во настапите, исто како и публиката.
XS
SM
MD
LG