Линкови за пристапност

Кјуриозити вози и слика по Марс


На фотографијата на НАСА се гледат трагите од возењето на Кјуриозити на Марс
На фотографијата на НАСА се гледат трагите од возењето на Кјуриозити на Марс

Возилото на НАСА на првото, пробно возење зело и примероци од почвата.

Кјуриозити успешно го заврши првото, пробно возење на Марс.

Панорама на Марс со трагите на Кјуриозити
Панорама на Марс со трагите на Кјуриозити
Роботското возило вчера минало 4,5 метри, вртело, а потоа се вратило назад 2,5 метри, според инженерот на Американската вселенска агенција – НАСА, Мат Хеверли, кој кажа и дека движењето потврдило дека почвата на планетата е солидна.

Фотографиите на Кјуриозити покажуваат траги од возењето. Возилото зело неколку примероци од почвата, што, според НАСА, „минало крајно успешно“.

Кјуриозити е подвижна лабораторија опремена со инструменти за истражување на геолошките и климатските услови, како и радијацијата на Црвената планета. За време на двегодишната мисија вредна 2,5 милијарди долари, НАСА ќе се обиде да добие одговор на прашањето дали на планетата некогаш постоел живот, но и дали може да постои во иднина.

XS
SM
MD
LG