Линкови за пристапност

Последна почит за Габриел Гарсија Маркес


Писателот и добитник на Нобелова награда денеска беше погребан во присуство на илјадници обожуватели.

Обожуватели на починатиот Габриел Гарсија Маркес денес се собраа во Мексико Сити за погреб на славниот писател роден во Колумбија. Илјадници дојдоа кај Палатата на уметности да ја видат урната на нобеловиот лауреат, додека трио свиреше народна музика од неговата родна земја. Палатата беше украсена со жолти рози, омилени на Маркес.

По церемонијата на оддавање почит на авторот на познатото дело „100 години самотија“, присуствуваа и претседателот на Мексико Енрико Пена Нието и неговиот колумбиски колега Хуан Мануел Сантос.

Смртта на Габриел Гарсија Маркес е голема загуба не само за книжевноста, туку и за човештвото, рече Нието. Многу генерации сонуваа, бараа и наоѓаа одговори на животни прашања во приказните на Маркес.
XS
SM
MD
LG