Линкови за пристапност

Европските пазари паднаа пред грчкиот референдум


Европските пазари паднаа пред грчкиот референдум

Европските пазари паднаа пред грчкиот референдум

Грчкиот премиер предложи референдум по европскиот план за решавање на должничката криза на континентот.

Европските пазари паднаа во вторник како реакција на предлогот на грчкиот премиер Џорџ Папандреу за одржување на референдум за тоа дали да се одобри планот за решавање на должничкиот проблем по кој е постигнат договор минатата недела.

Големите европски пазари паднаа меѓу два ипол проценти и над четири проценти во утринската трговија.

Папандреу беше тврдокорен поддржувач на планот за намалување на долгот на Грција за околу 140 милијарди долари што ја обврзува државата на години штедење. Но Папандреу на членови на владеачката Социјалистичка партија во Парламентот во понеделник им кажа дека „зборот на грчкиот народ ќе не` обврзе“. Ако грчкиот народ тоа не го сака, планот нема да биде усвоен, рече тој.

Европските и светските лидери го фалеа усвојувањето на планот наменет за намалување на грчкиот долг и смирување на светските финансиски пазари загрижени заради грчката неможност за исплаќање на долгот. Договорот исто така ги присилува европските банки да ги зголемат резервите на готовина и да го засилат фондот за помош на континентот во случаи на идни финансиски кризи.

Но грчкиот народ со месеци се буни против зголемувањето на даноците и кратењето на трошоците што атинската влада била присилена да ги воведе за да ги задоволи меѓународните кредитори. Тие организираа многубројни штрајкови во знак на протест, од кои некои насилни.

XS
SM
MD
LG