Линкови за пристапност

Се` поголем број на возрасни користат марихуана


Порастот, според истражувачите, се должи на промената на перцепцијата кај луѓето

Се поголем број на возрасни луѓе почнуваат да користат марихуана, покажуваат најновите истражувања.

Истражувачите во Националниот Институт за злоупотреба на дрога и Националниот Институт за Здравје, велат дека како што се` поголем број на држави ја легализираат марихуаната за медицински и рекреативни цели, се` поголем број на возрасни конзумирањето го сметаат за неопасно.

Во истражувањето биле опфатени повеќе од 600.000 испитаници на возраст од над 18 години. Истражувачите откриле дека од 2002 до 2014 година користењето на марихуана има пораст од 10,4 отсто во 2002-та на 13.3 отсто во 2014-та.

Во 2002-ра, 3,9 милиони конзумирале марихуана на дневно ниво, додека пак, во 2014 година оваа бројка изнесува 8,4 милиони корисници.

Овој пораст, велат истражувачите, се должи на промената на перцепцијата кај луѓето во однос на користењето на марихуана.

И покрај зголемувањето на бројката на возрасни корисници на марихуана, истражувачите велат дека не забележале паралелен пораст на злоупотреба на марихуаната или, пак, создавање зависност, иако предупредуваат дека потребни се повеќе студии кои ќе го потврдат овој тренд.

XS
SM
MD
LG