Линкови за пристапност

Њу Орлеанс се подготвува за големиот карневал


Њу Орлеанс се подготвува за големиот карневал
Њу Орлеанс се подготвува за големиот карневал

Њу Орлеанс експлодира во карневал секоја година за Марди Гра. На тој последен ден пред почетокот на постот, гигантски шарени експонати на тркала парадираат по улиците на градот. Многу групи се одговорни за планирањето и плаќањето на овие возила, но изработката е во раце на уметниците, кои интензивно ги привршуваат подготовките.

Фестивалот Марди Гра во Њу Орлеанс трае само неколку дена, но се подготвува цела година.

Уметниците вредно работат за следната парада што ќе се одржи на 21 февруари. Марди Гра е последниот ден пред постот што трае 40 дена пред христијанската прослава на Велигден.

Шон Лени прави цвеќиња за украсување:

„Почнавме да ги правиме уште во септември. Но целиот процес започнува многу порано. Од идеја, до цртежи и натаму. Уметничкиот директор работи со уметниците на решавање што ќе биде тема за оваа година и како ќе изгледа секое возило“, вели Лени.

Уметниците креираат стотици од овие возила, што личат на бродови на тркала.

Ги прават од различен материјал. Ги покриваат со смеса од хартија. Потоа сликаат на нив. Марди Гра Ворлд е работилница и музеј, каде туристите можат да погледнат зад сцената.

Марди Гра Ворлд всушност е семеен бизнис што го започнал Блејн Керн во 1947.

Неговиот внук, Брајан, за Гласот на Америка вели – многу е променето од времето на дедо му:

„Оригиналните возила на Њу Орлеанс носеле 12 лица. Сега ги правиме да носат до 250. Татко ми инсистираше работите да стануваат поголеми, посветли, пошарени, поубави – тоа и сега го правиме“, вели Брајан Керн.

Овие возила се централни за фестивалот на Марди Гра, што во Њу Орлеанс се одржува 150 години.

Туристи, но и локални жители го исполнуваат градот за овој голем годишен настан.

Керн вели дека токму овие парадни возила помогнале Марди Гра да стане голема туристичка атракција.

„Марди Гра го дефинира градот. Тоа е индустрија од милијарда долари. Околу 40 или 50,000 луѓе се инволвирани во парадата и балот – тоа е голем дел од нашата култура“, вели Керн.

А тоа е голем поттик работата во оваа работилница да продолжи да работи со полна пареа.

XS
SM
MD
LG