Линкови за пристапност

Името Америка првпат на мапа од 16-от век


Името Америка првпат на мапа од 16-от век
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:35 0:00

Оваа мапа Валдсимулер, е прикажана во сала во Конгресната библиотека во Вашингтон, за периодот пред колонизацијата

Овој четврти јули, Америка слави 240 години независност. Но, името е старо со векови, и првпат беше искористено на карта од почетокот на 16 век, да го означи откривањето на новите територии во Западната хемисфера.

Оваа мапа Валдсимулер, е прикажана во сала во конгресната библиотека во Вашингтон, за периодот пред колонизацијата.

Заштитена е во рамка со двојно стакло, исполнето со аргон, за да се заштити од штетното светло од фотографирање.

За оние што сакаат да ја видат одблизу, Библиотеката обезбедува копија од мапата.


„Ова е 1507 мапа на Мартин Валдсимулер, една од најважните мапи во историјата на картографијата. Конгресната библиотека ја купи во 2008-та година, најмногу од причина што е прва мапа, која ја именува Америка. Таа е наречена британски сертификат за Америка, бидејќи е прва мапа што го именува континентот“, вели кустосот Џон Хеслер.

Историчарите немаат јасни податоци зошто германски картограф, одбрал да ги именува новите територии, во чест на истражувачот Америго Веспучи, место во чест на Кристофер Колумбо, кој всушност ја открил Америка.

Кустосот Џон Хеслер, објаснува.

„Јас вака сакам да го кажувам ова: Колумбо ја открил Америка, Веспучи ја продал и се прославил себе си повеќе“, вели тој.

За разлика од Колумбо, кој мислел дека открил нов пат кон Индија, Веспучи сфатил оти се работи за нов континент, и бил многу активен во промовирање на неговите патувања.


Валдсимулер ја направил мапата по само 15 години, откако Колумбо стапнал на бреговите на новиот континент, кога најголемиот дел од земјата бил се` уште непознат. Сепак, таа е еден вид нацрт за новиот свет.


„Ова е жива мистерија, со која учениците денес уште се` борат, и ако не добиеме нешто друго, некои други документи, оваа мистерија ќе трае засекогаш“, објаснува Хеслер.

И од зборовите на Валдсимулер се сфаќа дека оваа мапа не е обична, и тоа ги потврдува со точноста на неговата работа.


„Ова е неверојатно парче текст. Она што навистина значи на латински е‘ ако не сте запознаени со новите откритија, ако не сте запознаени со откритијата на Колумбо, Веспучи, и ја гледате мапата за првпат, може ќе бидете загрижени. Има многу работи овде, кои не сте ги знаеле претходно“, раскажува тој.

Мапата била откриена во 1901-та година во германски замок. Но, беа потребни 100 години и огромна поддршка од дарежливи донатори, да соберат пари за да ја купат.


Во 2008-та, во присуство на германската канцеларка Ангела Меркел, Конгресната библиотека ја промовираше мапата пред јавноста.

Ова богатство, заборавено со векови на прашливите полици во германскиот замок, сега привлекува милиони посетители.

XS
SM
MD
LG