Линкови за пристапност

Менинг осуден на 35 години


Менинг пред влегувањето во судницата за да му биде изречена пресудата.

Менинг пред влегувањето во судницата за да му биде изречена пресудата.

Војникот беше обвинет дека доставил преку 700.000 тајни документи до Интернет-страницата ВикиЛикс.

Американскиот војник Бредли Менинг денес доби казна затвор од 35 години за доставување на голем број доверливи документи до Интернет-страницата ВикиЛикс -случај што претставува најголемо одавање на тајни информации во американската историја.

Изрекувајќи ја казната, воената судијка Денис Линд рече и дека 25-годишниот поранешен разузнавачки аналитичар во Ирак ќе биде официјално отпуштен од армијата и ќе му биде укинатата платата.

Менинг можеше да добие казна затвор и до 90 години. Владините обвинители бараа 60-години, додека адвокатите на Менинг инсистираа на помала казна за да му се даде шанса за рехабилитација. Според армиските правила, тој за помалку од девет години би можел да побара да биде пуштен условно на слобода.

Меѓу 700-те илјади документи доставени до ВикиЛикс се дипломатски телеграми на Стејт департментот и американски извештаи од воените полиња во Ирак и Авганистан. На една од видео-снимките е прикажан напад со американски хелохоптер во кој загинале двајца цивили.

Менинг беше уапсен 2010-тата. Тој подоцна изјави дека сакал да поттикне јавна дебата за американската политика.
XS
SM
MD
LG