Линкови за пристапност

Менинг сега вели дека е жена


Бредли Менинг во униформа (десно) и на фотографија од американската армија (лево) за која не е наведено кога е направена.

Бредли Менинг во униформа (десно) и на фотографија од американската армија (лево) за која не е наведено кога е направена.

Поранешниот разузнавачки аналитичар во Ирак вчера беше осуден на 35 години завор за доставување тајни документи до ВикиЛикс.

Американскиот војник Бредли Менинг, вчера осуден на 35 години за доставување на тајни документи до Интернет-страницата ВикиЛикс, вели дека отсега сака да живее како жена, под името Челзи.

Во изјавата што ја пренесе ТВ-мрежата Ен-Би-Си, тој наведува дека со оглед на тоа како се чувствувал уште од детството, сака да започне терапија со хормони што е можно побргу и да заврши со промената на полот.

25-годишниот поранешен разузнавачки аналитичар во Ирак, беше обвинет дека доставил преку 700.000 тајни документи до Интернет-страницата ВикиЛикс. Меѓу нив се дипломатски телеграми на Стејт департментот и американски извештаи од воените полиња во Ирак и Авганистан.

За време на 12-неделното судење, неговите адвокати тврдеа дека неговите постапки делумно биле поттикнати од кризата на идентитетот поврзана со полот, во време кога американската армија ги отпушташе припадниците кои отворено се декларираа како хомосексуалци.

Армијата во меѓувреме ја смени таквата политика.
XS
SM
MD
LG