Линкови за пристапност

Вооружени лица извикувале исламистички фрази за време на заземањето на објектот во Бамако

Официјалните власти во Мали велат дека најмалку четири вооружени лица извикувајќи исламистички фрази за време на заземањето на луксузен хотел во главниот град Бамако, убиле тројца од вкупно 170-те заложници.

Извештаите велат дека заложници кои знаеле да го цитираат Коранот биле ослободени.

Трупи на Мали и на ОН го опкружиле хотелот. Патиштата кои водат до хотелот биле блокирани. Малиските власти ги предупредија граѓаните да останат таму каде што се и да не се изложуваат на опасност додека трае опсадата на хотелот.

Турска авиокомпанија вели дека шестмина нивни вработени се заробени во хотелот. Помеѓу заложниците има припадници на француска, нигеријска и кинеска националност.

Властите велат напаѓачот до хотелот дошол со дипломатско возило.

Американската амбасада во Мали издаде соопштение во кое се вели дека амбасадата е во тек со случувањата и бара од бара од сите американски државјани и вработените во амбасадата да се засолнат на безбедно место.

Извор од обезбедувањето вели дека напаѓачите се наоѓаат на седмиот кат од хотелот Радисон Блу, во Бамако. Џихадисти пукаат кон коридорот, вели изворот.

Американскиот претседател Барак Обама, кој се наоѓа во Малезија, е запознаен за случувањата во Мали.

Нападот во Мали ја нагласи најавената закана од страна на исламистите кои се активни во северниот и централниот дел на Мали, наспроти присуството на мировниците на ОН.

За време на напад во главниот град Бамако во март оваа година, во ресторан популарен меѓу туристите беа убиени пет лица.

XS
SM
MD
LG