Линкови за пристапност

Детектирани нови сигнали во потрагата по исчезнатиот малезиски авион


Се претпоставува дека доаѓаат од црната кутија на Боингот 777 што исчезна пред повеќе од еден месец.

Екипите што трагаат по исчезнатиот малезиски авион во Индискиот Океан велат дека детектирале подводни сигнали за кои веруваат дека доаѓаат од црната кутија на Боингот 777 што исчезна пред повеќе од еден месец.

Раководителот на австралиската екипа Ангус Хјустон изјави дека сигналите ги детектирала опремата на американската морнарица во два наврата вторникот. Тој кажа дека ќе биде потребно да се детектираат повеќе сигнали и да се допрецизира областа на потрагата пред властите да испратат роботска подморница да трага на дното на океанот.

Надлежните немаат многу време, бидејќи батеријата на црната кутија на исчезнатиот авион трае само 30-тина дена.

Во авионот на Малезија ерлајнс, што патуваше од Куала Лумпур, имаше 239 патници и членови на екипажот.
XS
SM
MD
LG