Линкови за пристапност

Само во Америка: Може да студирате што сакате


Само во Америка: Може да студирате што сакате
Само во Америка: Може да студирате што сакате

Сакате да студирате на тема пиво? Или за чевли? За вегетаријанска исхрана? Многу веројатно е дека ќе можете.

Едно од првите прашања што се упатуваат на студенти на колеџ е – што ти е главен предмет? Тоа значи, на кој академски предмет минувате најмногу време од учењето?

Типичен одговор би бил „хемија“, „право“, „новинарство“, „социологија“ или „англиски“.

Нетипично е да се одговори нешто како „Задржување на реалноста“ или „Големи романтични гестови“.

Точно така: „Големи романтични гестови“. Тоа е вистински курс на студии на Универзитетот Мериленд. Но само за Елизабет Лимберакис.

Мериленд е е еден од се` поголемиот број американски колеџи што им овозможува на студентите да ги кројат студиите по свој терк, зависно од нивните интереси. Како што известува весникот Њујорк Тајмс, се случило интересот на Елизабет Лимберакис да биде студирање на љубовта.

Во колеџот Веслијан во Џорџа, повеќе од половина од студентите ги индивидуализираат своите студии. Голем број на студенти на Универзитетот на Вашингтон го прават истото, откако добиле предупредување од универзитетот дека создавање на сопствена академска програма не значи дозвола да се мине лесно низ студиите само за да се добие диплома.

Универзитетот става јасно на знаење дека индивидуализирани студии се за „интелектуално љубопитни, рефлективни и високо самодисциплинирани студенти кои го сакаат учењето“.

Всушност, многу колеџи бараат студентите кои ги измислуваат сами своите главни предмети да земаат предмети во најмалку три различни дисципллини.

Дури и „Задржување на реалноста“ на Универзитетот Мериленд има посериозни предмети отколку што звучи. Весникот вели дека вклучува курсеви од поп културата и „чистата умерност“ зашто студентот оди во недефинирана кариера во забавувачката индустрија.

XS
SM
MD
LG