Линкови за пристапност

Партијата на Макрон обезбеди мнозинство во францускиот парламент


Ова се очекува да го олесни спроведувањето на најавените реформи

Партијата на францускиот претседател Емануел Макрон и неговите партнери со освојувањето на 60 проценти од местата во парламентот во вториот и последен круг на изборите ќе имаат силно мнозинство.

Центристичката партија на Макрон, Република во движење освои 308 места, додека сојузникот, паријата Модем освои 42 места во Националното собрание во кое има 577 места.

Разликата ќе му овозможи на Макрон, кој е на функцијата еден месец, да ги изведе реформите на трудовите закони и на лошиот систем на социјално осигурување.

Добивките на Центристите доаѓаат по децениско доминирање на традиционалните лево и десно ориентирани партии во Националното собрание.

Екстремно десничарската партија, Национален фронт на ривалката на Макрон во претседателските избори, Марин Ле Пен, има само осум места.

Социјалистичката партија на поранешниот претседател Франсоа Оланд освои 29 пратенички места.

Републиканците ќе бидат главна опозициска партија со освојувањето на 131 место.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG