Линкови за пристапност

Колку лажните вести влијаат врз формирањето на јавното мислење?


Единствен одговор е проверка на фактите на оние кои шират вакви вести, но и резервираност за изворите на информации

Оваа информација неодамна по социјалните медиуми предизвика голема интерес во македонската јавност. Ја проверивме, со македонскиот амбасадор во САД.

„Не е точно дека американскиот претседател Доналд Трамп потпишал извршна наредба за безвизен режим со Македонија. Веста предизвика голем интерес. Многу граѓани се јавија во нашата Амбасада, но се работи за лажна вест“, изјави амбасадорот Васко Наумовски.

Потребно е кревање на свеста за реалноста, обременета со лажни вести - потенцира првиот дипломат на Македонија во Вашингтон.

„Би апелирале до сите граѓани не само за оваа вест туку и за сите останати да бидат повнимателни во прифаќањето, да ги проверуваат вестите, и пред се` - што значи вест пласирана преку социјалните медиуми, да биде проверена од релевантни извори“, коментира македонскиот амбасадор Наумовски.

Зошто толку голем замав на лажните вести по социјалните медиуми, не само во Македонија, туку и на глобално ниво? Директорот на Школата за медиуми и јавни односи при Универзитетот Џорџ Вашингтон Френк Сезно, коментира:

„Лажните вести не се вести што некому не му се допаѓаат. Тоа не се сензационалистички вести, или лошо известување. Лажните вести се намерно, неточно информирање со цел креирање лажна претстава“, вели Сезно.

Според него, и граѓаните во иднина ќе треба да преземаат одговорност за личните извори на информирање. Но, исто така посочува и дека Гугл, Фејсбук и другите социјални медиуми ќе треба да преземат дел од одговорноста за објавување на непроверени факти.

А, проверката на фактите – тоа треба да се водилка на модерното новинарство во борбата со лажните вести, која се одвива на секојдневно – коментира Сезно.

„Друга работа која што медиумите може да ја прават е константно да ги повикуваат на одговорност оние кои ги испревртуваат фактите, и кои шират лажни вести. Еден вид на проверка на фактите“, коментира овој експерт за медиуми при Универзитетот Џорџ Вашингтон.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG