Линкови за пристапност

Западниот брег на САД се подготвува за „големиот“


Западниот брег на САД се подготвува за „големиот“
Западниот брег на САД се подготвува за „големиот“

Стравот од катастрофален земјотрес и цунами прави крајбрежните градови да размислуваат „во вертикала“!

Ужасните последници од неодамнешниот земјотрес и цунами во Јапонија и натаму се на ум на многумина жители на крајбрежните градови на сојузните држави Орегон и Вашингтон.

Во Веспорт, Вашингтон, засолништата на повисоко, односно градбите кренати на столбови се мошне популарни. Жителите се надеваат дека токму овој дизајн дава шанси да се издржи ударот на „големиот“ – катастрофален земјотрес што би предзвикал големо цунами.

Интересот за ваквите објекти се преточи во планирање и организирање на средби на кои се дискутира за нивниот дизајн.

„Живееме долу, близу до пристаништето. Би немале време да избегаме на повисоко, затоа што повисоките места се далеку. Ваквите засоништа ни даваат нова можност“, вели Управникот на станбен комплекс во Вестпорт, Харолд Греј.

Владиниот оддел за справување со вонредни ситуации на сојузната држава Вашингтон додели средства за четиригодишен проект за дизајнирање на таканаречени „вертикални структури за евакуација“. Меѓу планираните градби се кули, кои, за да бидат економски оправдани, во нормални услови би се користеле и како пунктови за набљудување на птици или пак китови.

„Битно е да имаат повеќекратна употреба, да бидат дел од заедницата, но и да не бидат грди, а со тоа и трн во окото“, коментира Боб Фрејтаг од Универзитетот Вашингтон – установата што помага со сугестии во проектот.

Покривот на повеќекатница во Минамисанрику, Јапонија важеше за безбедно место, но висината се покажа како мошне битен чинител. Оние кои се качија на последниот, четврти кат – преживеаја, за разлика од оние кои останаа на третиот. Властите во Вашингтон сакаат ваквите поуки да бидат инкорпорирани во идејното решение.

Проблемот е што ниту еден од крајбрежните градови нема пари за изградба на засолништа. Џон Шелинг од Владиниот оддел за справување со вонредни ситуации, порачува жителите да не очајуваат, бидејќи планот е добра појдовна основа за натамошна реализација на проектот.

Сето тоа во надеж дека и со засолништа, и без нив, „големиот“ – нема да се случи.

XS
SM
MD
LG