Линкови за пристапност

Врховниот суд пресуди во корист на Волмарт


Врховниот суд пресуди во корист на Волмарт

Врховниот суд пресуди во корист на Волмарт

Одлучи против тужбата за дискриминација на голема група жени – вработени во синџирот на стоковни куќи.

Американскиот Врховен суд ја одби жалбата на 1,6 милиони жени кои заеднички го тужеа синџирот на стоковни куќи Волмарт за наводна дискриманиција базирана на полова припадност.

Според американските закони, доколку одреден случај вклучува голем број на лица со слични тврдења, тужбата може да се поднесе заеднички, во групен судски случај. Па сепак, Врховниот суд одлучи дека правната причина за здружување на тужбите на жените вработени во Волмарт не е доволно аргументирана.

Голем број на жени го обвинија Волмарт дека неправедно претпочита мажи при вработувањето и унапредувањето. Тие бараа милијарди долари отштета.

Иако Врховниот суд го отфрли групниот случај, вработените во Волмарт имаат можност поединечно да ја тужат компанијата.

XS
SM
MD
LG