Линкови за пристапност

НБА плеј-оф: Мајами и Сан Антонио поведоа со 2:0


Вечерва играат Вашингтон - Индијана и Оклахома – Лос Анџелес клиперс

Актуелниот шампион Мајами хит со синоќешната победа од 94:82 поведе со 2:0 во серијата „најдобар од седум“ против Бруклин нетс и 100% ја искористи предноста од домашен терен во првите два меча од полуфиналињата по конференции во НБА плеј-офот. Најдобри кај Мајами беа Леброн Џејмс со 22 и Крис Бош со 18 поени. Кај гостите блескава ноќ имаше босанскиот интернационалец Мирза Телетовиќ со 20 поени, од што шест „тројки“. Серијата се сели во Бруклин, а следниот меч се игра во сабота.

Исто како и Мајами, и Сан Антонио спарс ја искористи предноста од домашен терен и поведе со 2:0 против Портланд треилблејзерс. Уште во првите две четвртини, домаќините направија предност од 20 коша и ја задржија до крајот на мечот. Во победата од 114:97, најпрецизни беа Кави Леонард со 20 поени, а по 16 постигнаа ветераните Ману Џинобли и Тони Паркер.

Вечерва играат Вашингтон визардс - Индијана пејсерс и Оклахома тандер - Лос Анџелес клиперс. И во двата дуела, резултатот е изедначен, 1:1.
XS
SM
MD
LG