Линкови за пристапност

Затворен воздушниот простор над Шкотска и Северна Ирска поради облак од пепел


Затворен воздушниот простор над Шкотска и Северна Ирска поради облак од пепел
Затворен воздушниот простор над Шкотска и Северна Ирска поради облак од пепел

Летовите се приземјени почнувајќи од седум часот наутро по локално време.

Британските надлежни органи го затворија воздушниот простор врз Шкотска и Северна Ирска поради новиот бран пепел што почнал да излегува од вулканот во Исланд.

Одговорните во Британската цивилна авијација во средата ги приземјиа летовите на аеродромите во делови на Шкотска и Северна Ирска почнувајќи од седум часот наутро по локално време.

Агенцијата вели дека пепелта во воздушниот простор на Велика Британија згуснала и може да биде опасна за моторите на авионите.

Ирските власти соопштија дека летовите во и надвор од Даблин ќе бидат во прекин до доцна претпладне по локално време. Во Британија, надлежните велат дека облакот пепел може да ја попречи работата на аеродромите во северозападна Англија и делови на Велс, но не и на оние во Лондон.

Најновите затворања на аеродромите следат по неколкучасовниот прекин на работата на аеродромите во Ирска и делови на Шкотска во вторникот.

XS
SM
MD
LG