Линкови за пристапност

Кауза, мода, но и здравствена заштита


Популарните еластични алки од силикон, што симболизираат подршка за разни хуманитарни акции, може да откријат и дали сте биле изложени на отрови

Луѓето ширум светот ја прокламираат поддршката за разни каузи со тоа што носат еластични алки во боја: жолтите ги симболизираат истражувања против ракот, розовите - борбата против ракот на дојка, а виолетовите - заштитата на животните.

Истражувањето на Универзитетот на Орегон ги искористи алките за друга, исто така важна улога: мерење на изложеноста на отровни сусптанци на лицата што ги носат.

Луѓето се постојано изложени на разни видови на отровни материи, од индустриски соединенија содржани во средствата за дезинфекција, мирисите и никотинот во производите, па се` до пестицидите. Истражувањата покажуваат дека има врска меѓу овие хемикалии и здравствените проблеми, но тешко е да се направат долгорочни мерења што би го потврдиле тоа. Изложеноста на отрови во моментов се врши со огромна и скапа опрема.

Истражувачката Ким Андерсон од Универзитетот на Орегон наведува дека силиконот што се користи за алките апсорбира голем број на хемикалии. Таа и колегите доброволно носеле вакви алки во временски периоди од различна должина. Потоа ги измериле нивоата на 49 различни супстанци апсорбирани во силиконот. Таа вели дека на овој начин може да се врши проверка за присуство на преку 1.000 хемикалии.

Во написот објавен во журналот „Наука за животната средина и технологија“, екипата на Универзитетот заклучува дека алките, што и онака се популарни и ги носат голем број лица, може да бидат вредно средство за проверка на изложеноста на отрови и опасноста од болести.
XS
SM
MD
LG