Линкови за пристапност

Денес на Светското првенство: Нигерија - Франција и Германија - Алжир


Вчера, во докрај неизвесни дуели, Костарика и Холандија подобри од Грција и Мексико

Костарика и Холандија се пласираа за понатамошниот тек на Светското фудбалско првенство во Бразил.

Костарика беше поуспешна при изведувањето на пеналите против Грција со 5:3. Мечот во регуларниот дел заврши со 1:1. Иако Костарика водеше, Грција успеа во дополнителните минути судиско продолжување да изедначи.

Во вториот синоќешен дуел, Мексико со ефектниот погодок на Џовани Дос Сантос во 48-мата минута поведе со 1:0, но Весли Шнајдер во 88-та минута им ги помати сметките на Мексиканците.

За целосен пресврт на натпреварот се погрижи Клас Јан Хунтелар со пеналот во самиот финиш за победа од 2:1 на Холанѓаните.

Денеска се среќаваат Нигерија - Франција и Германија - Алжир. Утре САД играат против Белгија, а фаворитот Аргентина се среќава со Швајцарија.

XS
SM
MD
LG