Линкови за пристапност

Финален извештај за смртта на Витни Хјустон


Пронајдена со лицето надоле во када со топла вода, до неа опрема за користење на дрога и “бела правлива супстанција“.

Финалниот извештај од обдукцијата на Витни Хјустон наведува дека пејачката се удавила во жешка вода во када, а веднаш до неа бил пронајден прибор за користење на дрога.

Пред вчерашното објавување на деталниот извештај, Канцеларијата на судскиот вештак во Калифорнија во март заклучи дека давењето на 48-годишната Хјустон, која беше пронајдена мртва во хотелска соба во Лос Анџелес на 11-ти февруари, било резултат на несреќен случај, а користењето на кокаин и срцевите заболувања придонеле да почине.

Финалниот извештај наведува дека Хјустон била пронајдена како лежи со лицето надоле во кадата, во вода длабока 30 сантиметри и жешка над 30 степени. Полицијата нашла „бела правлива супстанција“ на огледало во тоалетот, заедно со лажица што содржела „супстанција во вид на кристали“. Извештајот не ги идентификува сушстанциите. Во крвта на Хјустон беа пронајдени траги на кокаин, марихуана и лекови на рецепта.

XS
SM
MD
LG