Линкови за пристапност

Ветровитиот град


Разгледница Чикаго
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:51 0:00

Разгледница Чикаго

Разгледница на Гласот на Америка од Чикаго

Чикаго прави свои креации од вашата фризура. Добредојде ви посакува силниот ветер и температурите што вообичаено се под нулата.

Во градот и пошироката околина, областа што овдешните жители ја нарекуваат „Чикаголенд“, живеат 10 милиони луѓе од Висконсин, Илиноис и Индијана.

Посетителот е во дилема што попрво да види во метрополата... можеби Панорамското тркало, подигнато 1893-та за Светскиот саем. Чикаго годишно го посетуваат околу 40 милиони туристи. Една од причините: 200-те уметнички галерии, музеи и театри.

Сите знаат за Чикаго булс, особено за златните години со Мајкл Џордан, но гордост на градот е и екипата на Беарс во во професионалната фудбалска лига, чии обележја се насекаде.

Токму од улицата Адамс пред Институтот за уметност на Чикаго започнува иконичниот Автопат 66.

Од источното крајбрежје во Чикаго, па се` до западното во Санта Моника во Калифорнија, овој правец е еден вид на музеј на американската авто-култура но и култура на живеење.

Во северозападниот дел на САД, Чикаго е и престолнина на бизнисот. Нема поголема компанија што нема своја филијала во градот. Чикаго е дом на 11 компании од листата на магазинот Форч`н на 500 најбогати компании.

XS
SM
MD
LG