Линкови за пристапност

Зошто да се инвестира во Македонија?


Владини претставници говорат за Гласот на Америка на маргините на роуд-шоуто во САД и Канада.

Секој кој произведува во Македонија може да извезува во ЕУ без царински давачки, на пазар од 660 милиони жители - ова беше главната порака на македонската делегација на бизнис-форумот во Мајами, за околу 200 бизнисмени и други лица од деловниот свет на јужна Флорида.

„Нашиот фокус во Мајами се компании што извршуваат бизнис во Јужна Америка, во САД и што се шират на европскиот пазар. Ги претставуваме можностите што ги нуди Македонија во однос на извршувањето бизнис во Европа, и да ја искористат земјата како центар за пенетрирање на нивниот бизнис во регионот“, истакнува министерот за странски инвестиции Бил Павлески во изјавата за Гласот на Америка.

Според Павлески, кој е задоволен од интересот на бизнис-форумите во САД и Канада, Македонија има особено интерес за мултинационални компании кои произведуваат автомобили, медицинска опрема и лекови.

Виктор Мизо, директорот на технолошко-индустриските развојни зони во Македонија коментира дека реформите во Македонија биле дизајнирани така да направат добра клима за доаѓање на странски компании, а на домашните да им овозможат растеж на бизнисот и зголемување на конкурентноста во регионот и пошироко.

Македонија влегува меѓу првите 5-6 земји во Источна Европа за кои се вршат анализи дали да се алоцира бизнисот од страна на моќни компании ...

„Она што требаше ние да направиме да креираме е `кревање на свеста за марката`, да се разгледува Македонија ако конкурентна дестинација. Не замо со ваквите роуд-шоуа, туку со мрежата на економските промотери, со целата кампања да се инвестира во Македонија е сторено многу да се зголеми познавање за земјата. Македонија влегува меѓу првите 5-6 земји во Источна Европа за кои се вршат анализи дали да се алоцира бизнисот од страна на моќни компании“, вели Мизо.
XS
SM
MD
LG