Линкови за пристапност

Споменикот Вашингтон и натаму затворен


Споменикот Вашингтон и натаму затворен
Споменикот Вашингтон и натаму затворен

Се` уште трае проценката на штетата од земјотресот во август

Надлежните инженери во Вашингтон денес на прес-конференција ќе соопштат кога би можело да биде отворен симболот на главниот град - споменикот Вашингтон што беше оштетен во земјотресот на 23-ти август.

Според Управата на Националниот парк, одговорна за споменикот, се` уште трае проценката на штетата на речиси 170 метри високиот обелиск, подигнат во чест на првиот претседател на САД Џорџ Вашингтон.

Првичната инспекција најде значителни пукнатини што ги предизвика потресот од 5,8 степени. Портпарол на Националниот парк изјави дека со тоа станала уште поважна заштитата за време на зимскиот период, што спречува оштетување од водата и снегот.

XS
SM
MD
LG