Линкови за пристапност

Враќање на грамофонските плочи


Враќање на грамофонските плочи

Враќање на грамофонските плочи

Од носталгија или љубопитност, винилот повторно на цена

Грамофонските плочи беа главен носач на звукот во 20-от век. Со подемот на технологијата, отстапија место на аудио-касетите, а потоа и компакт дисковите и МП-3. Меѓутоа, во музичката индустрија наведуваат дека популарноста на грамофонските плочи забележала пораст последниве неколку години.

Иако денешните генерации не пораснале со плочите, винилот ги интригира.

14-годишниот Џек Ловенштајн го најдовме во музичката продавница Крок бит рекордс во Вашингтон.

„Претпочитам да купувам плочи отколку компакт дискови“, вели тој.

Сара Грифин има 19 години.

„Неодамна почнав да купувам се` повеќе плочи, како оние старите, панкерските“, кажува девојката.

За 30-годишниот Џонатан Олдмиксон, грамофонските плочи се хоби:

„Не преферирам што купувам. Сепак, мора да признам дека некои се подобри од естетски причини, на пример, корицата на албумот“.

Компанијата Нилсен саундскен ја регистрира продажбата на аудио-форматите во САД. Со речиси 3 милиони продадени примероци, грамофонските плочи лани биле најбро растечки формат. До јуни годинава, бројот е 40% поголем од истиот период лани. Па сепак, продажбата на плочи во САД е се уште мала во споредба со компакт-дисковите и МП3.

Били Дејли, сопственикот на продавницата на Крок бит рекордс, е дел од трендот – враќање на винилот:

„Од 2007-ма, грамофонските плочи станаа 99% од нашата продажба. Таа нарасна кога со новите винил-изданија започнаа да се нудат и бесплатни МП3-верзии“.

XS
SM
MD
LG