Линкови за пристапност

Ден на воените ветерани


Ден на воените ветерани
Ден на воените ветерани

Американците да усвојат нов дух на пожртвуваност, сега кога војните во Ирак и Авганистан се при крај, порача претседателот Обама

Американците да усвојат нов дух на службување и пожртвуваност, сега кога војните во Ирак и Авганистан се ближат кон крајот, порача претседателот Барак Обама на Денот на воените ветерани.

Првиот човек на САД ова го кажа на церемонијата на Националните гробишта во Арлингтон, близу Вашингтон, откако положи венец на Гробот на незнајниот јунак.

Обама апелираше војниците кои ќе се вратат дома да добијат соодветна грижа, бенефиции и можности. За таа цел тој веќе наложи владата во наредните неколку години да вработи зголемен број на ветерани и ги поттикна приватните бизниси да го сторат истото за 100.000 ветерани или нивни сопружници кои служеле во армиските сили по 2001-ва година.

Денот на воените ветерани го одбележува датумот во 1918-та, таканаречениот „11-ти час на 11-от ден во 11-от месец“ кога беше потпишан прекин на огнот во Првата светска војна.

Празникот се одбележува на помалку од два месеца од целосното повлекување на САД од Ирак. Во Авганистан преостанаа речиси 100.000 американски војници, а борбениот дел на силите треба да заврши со повлекувањето од оваа земја до крајот на 2014-та.

XS
SM
MD
LG